Драмонд го откупи договорот од Кливленд, но се најде на раскрсница

Андре Драмонд го откупи својот договор од Кливленд кавалирс и како слободен играч до 9 април ќе бара нов клуб, а целта му е да игра за конкурент за титулата во НБА лигата.

Четиркратниот најдобар скокач во лигата не успеа да обезбеди трејд во последниот ден од преодниот рок, па затоа се откажа од 28,7 милиони долари од преостантиот договор со Кавси, со цел да најде екипа која му одговара на амбициите.

Сепак, Драмонд се наоѓа на раскрсница, бидејќи изборот на новиот клуб му е тежок. Најзаинтересирани за услугите на центарот се Торонто, Њујорк и Далас, но и шампионот ЛА лејкерс, како и Бруклин нетс кои сезонава собраа голем број на Ол-стар ѕвезди со кои го напаѓаат тронот.

- Оглас -

Најнови вести