Драмонд се пресели во Лос Анџелес, дефанзивата на прваците ќе биде гром

Андре Драмонд го одбра Лос Анџелес лејкерс во завршницата на мини-преодниот рок и ќе игра за актуелниот првак во иднина. Еден од најдоминантните центри во НБА-лигата ќе му даде посебен акцент на дефанзивниот дел на тимот бидејќи е еден од најдобрите скокачи во Лигата.

Со него одбраната на шампионите ќе биде гром бидејќи и тој, и Харел и Пау Гасол знаат да играат одбрана, а одличен дефанзивец е и Ентони Дејвис, секако и Леброн Џејмс.

Двете големи ѕвезди Џејмс и Дејвис моментно не играат поради повреди, па Драмонд доаѓа како засилување во вистински момент. Дејвис не игра малку подолго, а откако Леброн се повреди, тимот има биланс од 1-4.

Драмонд има одличен дабл-дабл просек сезонава од 17,5 поени и 13,5 скока, но изненадувачки од Кливленд, тим за кој играше пред да дојде кај Лејкерс, објавија дека Андре нема да настапува во остатокот од сезоната.

Центарот си го откупи договорот и се пресели кај актуелните шампиони, а се очекува да дебитира на први април против Милвоки бакс.

 

 

- Оглас -

Најнови вести