Драстична казна за тренерот на Миовски – Го нарече противничкиот играч лажго и ќе паузира цел месец

Драстична казна заработи тренерот на Абердин, Џим Гудвин, и тоа за вербална навреда упатена кон бекот на Хибернијан, Рајан Потеус.

Гудвин, кој е најзаслужен што Бојан Миовски летово стана член на Абердин, ќе мора да паузира на шест меча како кормилар на четирикратниот шкотски првак, го нарече Потеус лажго.

„Тој е лажго и знае да одглуми фаул за пенал и слободен удар, како што тоа го стори и против нас. Му кажав в лице по мечот што мислам за него и не ми е гајле што ќе биде објавено во медиумите и каква казна ќе добијам“, изјави Гудвин веднаш по мечот со Хибс одигран на 17 септември, на кој Абердин загуби како гостин со 3:1.

Ретко се случува да се добие ваква драстична казна за вербален конфликт, но Фудбалската федерација на Шкотска немаше милост кон Гудвин и го суспендира на шест меча.

Ако се биде в ред, менаџерот на тимот за којшто игра Миовски ќе се врати на клупата на 8 ноември против Ливингстон, а интересно е што ќе пропушти нов дуел со Хибернијан.

Популарните Хибс ќе му бидат гости на Абердин само четири дена претходно, на 4. октомври, па ќе нема нов судир меѓу Гудвин и Потеус.

Миовски ова лето од МТК за малку повеќе од 650 илјади евра се пресели во Абердин, и тоа на инсистирање на Гудвин, кој погоди џекпот бидејќи нашиот репрезентативец е убедливо најдобар стрелец на тимот со 7 гола.

Миовски е и на делба на второто место на листата со најдобри стрелци во шкотската Прва лига, заедно со Фурухаши од Селтик и Ван Вен од Мадервел, а само зад Хрватот Чолак од Глазгов ренџерс, кој даде 8 гола.

 

- Оглас -

Најнови вести