Дрес на легендарниот бејзбол играч Џорџ Херман „Бејб“ Рут е продаден за рекордни 5,6 милиони долари во саботата на една аукција која се одржа во Њујорк. Продадениот дрес датира од 1927 до 1930 година, во периодот кога Рут бранејќи ги боите на Њујорк Јенкис за првпат го доби статусот на ѕвезда.
Претходно рекордот за најскапо продадена спортка опрема исто така беше дрес на популарниот Бејб, а истиот во 2012 година беше продаден за 4,4 милиони долари.
„Наследството и значајот на Бејб Рут за бејзболот и американската култура не можат да се споредат со ниту еден друг спортист во историјата на оваа земја“, истакна претседателот на организацијата за аукции, Дејвид Хант.
Рут настапуваше 22 години во МЛБ лигата и се смета за еден од најголемите играчи во историјата на бејзболот. Кариерата ја завршил во 1935 година со седум освоени шампионски прстени.
The Babe it still breaking records! Jersey worn by @mlb and @Yankees icon Babe Ruth c. 1928-30 sets a world record price of $5,640,000 for any piece of sports memorabilia!! Live auction at @yankeestadium still has the mythical presence of the Bambino #Yankees #SultanofSwat pic.twitter.com/4yFirdcjK6
— Hunt Auctions (@HuntAuctions) June 15, 2019