Дрматична ноќ во Каиро – Габер со прв гол во последната секунда и донесе бод на Словенија

Пикерот Матеј Габер го постигна првиот гол за Словенија на мечот со Шведска во вистински момент, во последната секунда за драматично реми 28:28 во Каиро.

Словенците се извлекоа од пораз со кој најверојатно ќе се збогуваа од амбициите за медал, откако само двапати водеа на мечот со Швеѓаните.

Имаа предност од 18:17 и 26:25, а претходно и потоа постојано бркаа негатива за да стасаат до реми. Шведска ја имаше победата за полуфинале в раце, откако имаа предмост и од пет гола разлика, но не издржаа докрај.

И со бод се главни кандидати за пласман во полуфиналето, бидејќи им треба само бод во последнито меч со Русија. Словенците ќе мора да го победат Египет во директен дуел за место меѓу најдобрите четири репрезентации на светот.

Во последниот меч вечерва Норвешка го растури Алжир со 36:23 и пстана во трка со Франција и Португалија за првите две позиции што гарантираат битка за медал.

- Оглас -

Најнови вести