Државна видео лотарија нов спонзор на ФФМ и репрезентацијата

Фудбалската федерација на Македонија и Државна видео лотарија постигнаа тригодишно партнерство за соработка. Со ова, ВЛТ ја продлабочува соработката со македонскиот спорт и фудбал, бидејќи оваа компанија поддржува и многу врвни македонски спортисти меѓу кои и фудбалерот Горан Пандев.

„Поздрав од името на македонската репрезентација и ФФМ, мене ми е драго што „Куќата на фудбалот“ добива нов партнер. Секогаш е убаво кога имате поддржувачи од нова страна. Благодараност од ВЛТ за пружената рака и се надевам дека ќе делиме успешни моменти. Вие покажавте колку за вас е важен спортот, со ова вие станувате дел од нашето фудбалско семејство. Посебна благодарност до господинот Аднан Шариќ кој ќе биде наш голем поддржувач во престојните предизвици“ – изјави директорот на репрезентацијата, Данчо Масев.

„За нас ова претставува огромен предизвик, многу сме среќни што имаме шанса да бидеме дел од оваа убава спортска историја. Нашата компанија веќе шест години покажува дека дава поддршка на сите спортски лица, екипи кои постигнуваат значајни резултати. ФФМ се наоѓа пред еден исклучителен предизвик, ние три деценини го очекувавме ова и затоа сакаме на некој начин да дадеме поддршка. Ние како сериозна компанија, освен ова партнерство имаме соработка со Горан Пандев, тој е нашето заштитно лице. Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров, ја поддржуваме и кошарката, Едина Муса е една од нашите заштини лица како и автомобилистот Игор Иџе Стефановски. За нас спортот е важен и поради тоа сакаме да креираме стимул за нашите спортисти за да постигнат големи резултати“ – изјави Вики Чадиковска, директор на Маркетингот на ВЛТ.

- Оглас -

Најнови вести