Дуелот меѓу Партизан и Црвена ѕвезда причина за повторно појавување на корона-вирусот во Црна Гора!

Неполни 10 дена од одигрувањето на големото белградско дерби меѓу Партизан и Црвена ѕвезда, започнаа да стигнуваат обвинувања дека тој натпревар е причина за повторно ширење на корона-вирусот. Директорот на болницата во Подгорица, Јевто Ераковиќ, вели дека белградското дерби кое се играше пред 20.000 гледачи е причина за враќањето на опасниот вирус во Црна Гора.

Ераковиќ вели дека властите во земјата треба да истражат колку луѓе преку Босна и Херцеговина влегле од Србија и биле на дербито во Белград минатата недела.

„Ако сите тие луѓе регуларно влегле од Србија во Црна Гора, ќе мораа да одат во карантин или во самоизолација“, вели докторот Ераковиќ.

Црна Гора не ги отвори границите кон Србија поради тоа што Србија е земја со восок процент на заразени од корона-вирусот. Во Црна Гора моментно има девет нови случаи на заразени од опасниот вирус и тоа по 42 дена по ред во кои не беше забележан ниту еден случај на заразени.

 

- Оглас -

Најнови вести