Дукхи Ли е прв глув тенисер кој доби меч на АТП-турнир

Јужнокореецот Дукхи Ли влезе во историјата на тенисот како прв глув тенисер кој добил натпревар на АТП-турнир. Овој 21-годишен тенисер во Винстон-Сејлем славеше со 7-6, 6-1 против Лаксонен и се пласираше во втората рунда, во која вечерва ќе се сретне со Роберт Хуркач, а исходот од натпреварот можеше да го прогнозирате во Sport Life.

„Луѓето се шегуваа со мене поради хендикепот. Ми велеа дека не треба да играм. Навистина е тешко, но пријателите и семејството ми помагаат. Сакав да покажам што знам. Мојата порака до хендикепираните е да не се обесхрабруваат. Ако имате средства, можете сè да направите“, вели Ли, кој е на 212-toto место на светската ранг-листа и досега настапуваше претежно на Челинџери.

На Ли не му е лесно бидејќи не може да ги слушне линиските судии, како ни главниот кој го кажува резултатот. Не го слуша ниту звукот на топчето, а има проблем и кога треба да разбере што го прашуваат новинарите. Не го знае знаковниот јазик бидејќи како дете научил да чита јужнокорејски јазик од усни.

- Оглас -

Најнови вести