Думфрис таличен во 90+5 за стартни три бода на Интер, разочарувачко деби за Монца во Серија А (видео)

Интер тргна со тешко извојувана победа од 2-1 но гостувањето кај Лече во првото коло од Серија А. Длабоко во судиското надополнување Нероаѕурите преку Думфрис стигнаа до посакуваната победа.

Голот на Лукаку за 1-0 во втората минута.

Сисе во 48-та минута израмни на 1-1 по одличниот контранапад на домаќините кој започна токму од напаѓачот на Лече, и се чинеше дека тоа ќе биде конечниот резултат, пред Думфрис да изненади во самиот финиш.

Монца во меѓувреме запиша разочарувачко деби во Серија А, пораз на домашен терен со 1-2 од Торино ќе се запише како прв натпревар за новиот калчолигаш во италијанската елита.

- Оглас -

Најнови вести