Дупла доза за Алиоски во најлудиот меч во Англија

Лидс ја заврши годината на првото место во Чемпионшип лигата, а крајот на 2019 е прекрасен за македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски.

Тој имаше две одлични асистенции за вториот и третиот гол на Лидс во меч што беше исклучително возбудлив. Гостите четирипати водеа и на крајот победија со 5:4 во најлудиот меч годинава во Чемпионшип лигата.

Алиоски најпрво му асистираше на Харисон за 0:2, откако Коста им донесе предност на гостите со гол во 15. минута. Само шест минути подоцна македонскиот репрезентативец одлично го пронајде Харисон, кој зголеми на 2:0.

Бирмингем успеа да израмни на 2:2, но повторно Алиоски стапи на сцена. Во 69. минута со прецизно додавања му помогна на Ејлинг да погоди, со што Лидс повторно имаше предност. Домаќините пак израмнија, и повторно Лидс поведе со 4:3, но пак имаше израмнување во 91. минута.

За среќа на Алиоски Хардинг си постигна автогол во 95. минута за конечни 4:5. Истовремено Вест Бромвич загуби дома од Мидлсбро, разврска што го одведе Лидс на врвот на табелата со 51 бод и подобра гол-разлика од ВБА, кој има ист број на бодови.

- Оглас -

Најнови вести