Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис е нов светски рекордор во скок со стап во сала, откако успеа да прескокне височина од 6.17 метри на Мундијалот во сала што се одржува во Торун, Полска.
Популарниот Мондо има само 20 години, а го урна рекордот стар шест години што до вечерва беше во сопственост на францускиот ас Рено Лавиление, кој имаше скок од 6.16 метри во февруари 2014 година.
Дуплантис е актуелен европски првак во својата категорија и од денеска и светски рекордер во сала.