Дурант кршеше кичми со дриблинзи, но направи и глупост, па куртули (Видео)

Кевин Дурант играше одлично против Индијана пејсерс и беше меѓу најзаслужните што неговиот тим Бруклин нетс славеше со 105:98, но и направи голема глупост, по која само по грешка на судиите не беше исклучен.

По еден фаул над него Дурант ја продолжи акцијата и го фрли баскетот на трибините, потег за кој според правилата требаше да биде исклучен.

Дурант претходно го имаше потегот на мечот кога со прекрасен дриблинг го фрли на паркетот Тори Крејг и потоа од чиста позиција го погоди кошот.

Кевин го заврши мечот со 22 поени, 11 скока и 7 асистенции, а пред него на листата на стрелците беше Џејмс Харден со 29 поени и по 8 скока и асистенции и токму Крејг со 28 поени и 11 скока за Индијана пејсерс.

Извoнредна ноќ имаа Пол Џорџ, кој постигна 42 поени во поразот на Лос Анџелес клиперс од Портланд со 111:92 и Бем Адебајо со 26 поени и 19 скока во победата на Мајами хит против Шарлот хорнетс од 114:99.

Резултати: Бруклин – Индијана 105:98, Торонто – Орландо 110:109, Мајами – Шарлот 114:99, Њу Орлеанс – Сакраменто 109:113, Денвер – Далас 106:75, Портланд – Л.А. Клиперс 111:92, Л.А. Лејкерс – Кливленд 113:101.

- Оглас -

Најнови вести