Дури 16 играчи на Реал се ставени на трансфер-листата

Реал Мадрид руши рекорди кога се работи за доведување нови играчи. Кралскиот клуб веќе потроши повеќе од 300 милиони евра, иако летниот преоден рок воопшто не е започнат. Последен на листата на засилувања е левиот бек на Олимпик Лион, Ферлан Менди, кој синоќа го комплетираше трансферот вреден 48 милиони евра. Претходно, Реал плати 100 милиони евра за доаѓањето на ѕвездата на Челзи, Еден Азар, Лука Јовиќ од Ајнтрахт вредеше 65 милиони евра, за Родриго беа потрошени 54 милиони евра, а 50 милиони евра беа дадени за доаѓањето на Едер Милитао.

За вечерва се подготвува промоцијата на Азар, а според некои најави, тоа треба да биде и рушење на светскиот рекорд поставен од Кристијано Роналдо.

Сепак, Реал не смее да мисли само на трошење пари, туку да најде начин како и да заработи од продажба на непотребните фудбалери. Токму затоа, на трансфер-листата на мадридскиот гигант се најдоа дури 16 фудбалери кои може да си заминат летово. Тоа се: Иско, Бејл, Џејмс Родригеs, Ковачиќ, Кејлор Навас, Лукас Васкеs, Себалjос, Љоренте, Начо, Валехо, Маријано, Тео, Мајорал, Раул де Томас, Лука Зидан и Лукас Силва. На овие 16 играчи може да им се приклучи и Бразилецот Марсело.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести