Дури 17-мина заразени од коронави-русот во тимот на Димитриевски, Македонецот го немаше на тренинг

Црвен аларм се вклучи во Рајо Валјекано. Клубот за кој настапува македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски пријави дури 17-мина позитивни на корона-вирусот.

Вкупно 11-мина фудбалери се позитивни, а останатите се дел од стручниот штаб. Не се знаат имињата на оние кои се позитивни, но беа објавени имиња само на осуммина фудбалери кои денеска се појавија на тренингот. Меѓу оние кои тренирале го нема Димитриевски.

Рајо Валјекано на 2 јануари има закажано меч против Атлетико Мадрид на „Ванда Метрополитано“, но новонастанатата ситуација може да доведе до одложување на овој меч.

Димитриевски овие денови е актуелен во Шпанија откако неколку медиуми јавија дека Барселона се интересира за македонскиот репрезентативец.

- Оглас -

Најнови вести