Дури осум клуба бараат прекин на италијанската Серија А

Иако УЕФА даде препорака првенствата да продолжат кога ќе се создадат услови за тоа, сепак одлуката ќе ја донесат националните фудбалски федерации заедно со лигата, синдикатот на играчите, и Владите, а во Италија дури осум прволигашки клуба бараат поништување на сезоната во Серија А.

Во Италија има најмногу починати од Коронавирусот, а и поделеноста кај клубовите е голема околу тоа дали треба да се продолжи да се игра или не. Серија А официјално е суспендирана до почетокот на мај, но никој не може да каже дали тогаш ќе може да се игра.

Според некои медиуми на Апенинскиот Полуостров, осумте клуба кои бараат прекин на шампионатот се: Интер, Милан, Торино, Сампдорија, Џенова, Бреша, Болоња и СПАЛ.

Желба за продолжување на сезоната имаат: Лацио, Наполи, Рома, Аталанта, Фиорентина, Калјари, Парма, Верона, Сасуоло и Лече. Два клуба во црно-бели дресови, Јувентус и Удинезе, засега биле воздржани. Јуве е лидер на табелата и може да ја добие титулата на зелена маса, но може и џабе да му бидат резултатите ако сезоната се прекине.

- Оглас -

Најнови вести