Дури сега ќе летаат – НБА лигата им дозволи на играчите да се допингуваат!

Најсилната кошаркарска лига на светот, НБА, одлучи да ги запре допинг-контролите на играчите за време на паузата поради kоронавирусот. Ова значи дека периодов кошаркарите смеат да земаат недозволени стимулативни средства. Официјално користењето на супстанци кои во нормални услови се забранети, ќе се случи за да си го зајакнат имунитетот, но тоа ќе биде проблем кога сезоната ќе продолжи.

НБА-играчите обично по шестпати во годината се проверувани, а оваа нова одлука е чудна и необична, иако е само привремена. Марихуаната и други стероиди кои се забранети, сега смее да бидат користени.

Играчите кои земаат допинг, обично добиваат суспензија од 25 меча ако првпат прават таков престап, а ако ги фатат и по вторпат, забраната е за настап на 55 средби. Трета грешка носи суспензија од најмалку две години. Сезонава суспензии поради ваква причина добија Вилсон Чендлер, Деандре Ајтон и Џон Колинс.

Засега нема најави кога ќе продолжи сезоната во НБА, се шпекулира дека ќе трае до крајот на јули, кога би се играло финалето на плејофот.

- Оглас -

Најнови вести