Два балкански гиганти разбиени со „петарди“, Вест хем одвај победи во Бачка Топола

Поразите од по 0-5 на Олимпијакос и Бешикташ предизвикуваат најголемо внимание меѓу големиот број средби од Лигата на Европа и Конференциската лига.

Грците примија дури четири гола во првото и само еден во второто полувреме против Фрајбург, а Бешикташ во Истанбул со 0-5 беше разбиен од Клуб Бриж, Белгијците петтиот гол го дадоа во 70-тата минута и потоа се смилуваа.

Премиерлигашот Вест хем со гол на Соучек во 89-тата минута го победи српскиот ТСЦ во Бачка Топола. Мартин Мирчевски остана на клупата за резерви кај ТСЦ. Пораз претрпе и Балкани, кој во Приштина беше совладан од Викторија П’лзењ со 0-1 и тоа е резултат кој му одговара на Динамо Загреб.

- Оглас -

Најнови вести