Два дерби-дуела во Англија, еден во Германија, а Црвена ѕвезда треба да се докаже дома

Петте интересни меча кои се во понудата Квоти на денот во Sport Life ако ги одиграте заедно на еден тикет, ќе добиете вкупен коефициент од 55.81.

Борусија Дортмунд е домаќин на Хофенхајм во Купот на Германија и тука домаќините треба да се расположени за погодоци. Комбинацијата Милионерите да постигнуваат од 1-3 погодоци во двете полувремиња носи коефициент 2.20.

Во српското првенство се игра дерби меѓу Црвена ѕвезда и ТСЦ Бачка Топола. Колку и да е ТСЦ во добра форма во изминатиов период, се знае дека на стадионот „Рајко Митиќ“ голем фаворит е Црвена ѕвезда. Комбинацијата за 1-1&2-5 е со квота од точно два.

Лондонските ривали Вест хем и Арсенал ќе играат во Лига купот и тука понудата е Топчиите да постигнат барем еден гол во првиот дел, а на крајот од 90-те минути да има најмалку два погодока во мрежата на Вест хем, што би донело добитна квота од 2.75.

Удинезе и Каљари ќе играат во Купот на Италија. Домаќините не треба да загубат во средба на која ќе паднат од два до четири погодоци за да биде добитна комбинацијата што вреди 2.05 коефициент.

Манчестер јунајтед и Њукасл на „Олд Трафорд“ ќе играат дерби од Лига купот и тука понудата е да има ГГ прво/второ, што дава одличен коефициент од 2.25.

- Оглас -

Најнови вести