Два порази во една борба: Прво доби нокаут од противникот, а потоа го „задави“ судијата (Видео)

Необична ММА борба се одржа во Русија, кога еден борец доживеа два порази само за 30-тина секунди во една борба. Само што започна рундата, несигурниот борец прими жесток удар и падна, а противнкот продолжи да го удира директно во главата.

Јасно беше дека по еден ваков нокаут следува прекин на борбата и судијата веднаш реагираше, сопирајќи го победникот да продолжи безмилосно да го удира немоќниот противник. Сепак, наместо да го прифати поразот, борецот се налути зошто судијата ја прекинал борбата и запона да се бори со арбитерот.

Поразениот борец кој уште беше зашеметен од ударите на противникот, беше лесна цел и за судијата. Арбитерот успеа да го фати борецот околу вратот и со „давење“ буквално го „заспа“, пред да втрчаат луѓето од аголот на борецот кој за 30-тина секунди претрпе два порази.

- Оглас -

Најнови вести