Двајца навивачи на Селтик прободени со нож

Двајца навивачи на Селтик кое седеле и пиеле во еден ирски паб во Рим биле прободени со нож во пределот на ногата, но не се потешко повредени. Инцидентот се случил синоќа, а вечерва на „Олимпико“ Селтик му гостува на Лацио, па веројатно напаѓачот е фан на Лацијалите.

Едниот Шкот имал 52, а другиот 35 години. Пред пабот прво избила тепачка и потоа се употребувале и ножеви. Вчера во Вечниот Град беше забрането да се продаваат пијалоци во стаклени шишиња, но и таа мерка не помогна.

Во текот на денешниот ден навивачите на Селтик ќе добијат инструкции каде да се движат и каде ќе се собираат за заеднички да се упатат кон стадионот. Навивачите на Лацио се одмазднички настроени откако Шкотите на првиот меч во Глазгов извадија транспарент на којшто имаше слика на обесениот Бенито Мусолини, фашистичкиот лидер на Италија од Втората светска војна, кој фановите на Лацио го обожуваат.

- Оглас -

Најнови вести