Двајца стартери на Реал Мадрид заразени со корона-вирус!

Еден Азар и Каземиро се двајцата фудбалери на Реал Мадрид кои имале позитивни тестови на последните контроли за корона-вирусот. И двајцата беа стартери на последниот меч на Реал против Интер во Лигата на шампиони, но сега ќе мора да паузираат одреден период.

Според официјалното соопштение на Реал, сите останати фудбалери се добро и имаат негативни тестови, па без проблем треба да се одигра мечот против Валенсија кој е закажан за утревечер.

 

- Оглас -

Најнови вести