Милан објави дека Тео Ернандес и Хакан Чалханоглу се позитивни на Ковид-19 и тоа значи дека Росонерите ќе мора да играат без нив во следниот период од околу две недели, а прв тест како тимот на тренерот Стефано Пиоли ќе се снајде без овие стартери е утре на гостувањето на Сардинија кај Калјари.
Тео и Чалха не тренирале во петокот, веројатно поради стравување оти можеби се позитивни. Милан информираше дека фудбалерите немаат симптоми и се наоѓаат во домашен карантин. Сите други членови на Милан имале негативни тестови.