Две големи чуда – Ливерпул по 33 години победи со 9:0, Салах не даде ниту еден гол

Ливерпул го размонтира слабиот тим на Борнмут со 9:0, во меч што беше многу чуден и на кој главнито стрелец на домаќините Мохамед Салах не постигна ниту еден гол.

Салах имаше две големи промашувања и не ја гтресеше мрежата на дуелна кој имаше шасна да го престигне Стивен Џерард како втор најдобар стрелец на Ливерпул во Премиер лигата.

Затоа расположен за игра беше Роберто Фирмино. Бразилецот постигна два гола, а имаше и три асистенции.

Ливерпул победи со 9:0 по 33 години, откако со истиот резултат во 1989 година го победија Кристал палас.

Со голем пресврт и хет-трик на Ерлинг Халанд, шампионот Манчестер сити го победи Кристал Палас со 4:2.

Гостите водеа со 2:0 по првиот дел, но Бернардо Силва со еден гол и Халанд со три му донесоа победа на Сити.

Халанд постигна вкупно пет гола во првите четири кола, а само Кун Агуеро има подобар ефект со шест гола во стартни четири кола за Сити во Премиер лигата.

Челзи го победи Лестер со 2:1, Брајтон со 1:0 беше поуспешен од Лидс, а Брентфорд и Евертон ремизираа 1:1.

- Оглас -

Најнови вести