15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Две големи промени: Веќе нема да биде офсајд ако е понапред со ноктот на ногата или носот

Помалку од 10 дена остануваат до стартот на новата сезона во англиската Премиер лига, а шефот на судиската организација Мајк Рајли откри неколку важни промени кои се поврзани со ВАР-системот. Некогашниот англиски судија објасни дека во новата сезона нема да има таканаречени „офсајди за влакно“ затоа што ќе се направи промена во ВАР-системот.

„Кога постои сомнеж за офсајд, ВАР-системот ќе користи линии со еден пиксел за да ја одреди точната позиција на играчот кој е во напад. Во исто време, на оваа линија на ВАР ќе биде надредена потенка линија од телевизијата што го пренесува мечот. Ако двете се преклопат, тогаш тоа нема да биде офсајд. На овој начин веќе нема да има офсајди поради тоа што нечии нокти на нозете или носот се понапред. Минатата сезона поради вакви ситуации беа поништени 20 гола“, објасни Рајли.

Ланската сезона во Премиер лигата беа досудени рекорди 125 пенали, а голем дел беа по реакција од ВАР-собата. Вајли објаснува дека тешко дека во иднина ќе има толку многу пенали затоа што ќе се гледа интензитетот на ударот.

„Судиите повеќе нема да покажуваат пенали за секој допир на противникот во казнениот простор. Ќе се бара доказ дека контактот бил доволно силен“, откри Рајли.

Првенството во Премиер лигата започнува на 13 август со мечот Брентфорд – Арсенал, а новата сезона ќе биде најавена со дуелот од Комјунити шилд меѓу Манчестер сити и Лестер на 7 август.

 

- Оглас -

Најнови вести