Две измени во однос на составот кој победи во Исланд

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, за утрешниот меч (20 часот во СЦ „Борис Трајковски“) се реши да направи две рокади во однос на составот кој го совлада Исланд на гости. Двете нови имиња за утрешниот дуел против Исланд, се на позициите лево крило и десен бек.

На местото на Бојан Маџовски, во тимот ќе се најде неговиот клупски колега од Металург, Димитар Димитриоски, додека на позицијата десен бек смената е повторно меѓу двајца играчи на тимот од Автокоманда. Местото на Томислав Јагуриновски го зазема Мартин Серафимов.

Капитенот на кадетската репрезентација на Македонија, Мартин Серафимов беше дел од репрезентацијата на Македонија на Мундијалот во јануари во Германија и во Данска, додека Димитриоски требаше да биде меѓу патниците, но тогаш се повреди на последниот тренинг и мораше да отпадне од списокот на патниците.

Другите 14 ракометари се истите од првиот дуел одигран во Рејкјавик во обид да се дојде до втор триумф за зацврстување на првото место во Групата 3 од квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести