Две неверојатни промашувања ги одбележаа дуелите од Лигата на Европа (Видео)

Ајакс имаше водство од 1:0 против Рома и имаше пенал за удвојување на водството, но капитенот Душан Тадиќ промаши пенал. Србинот го потцени голманот на Рома и се обиде да шутира по средината на голот, но неговиот удар беше одбранет.

Токму тој момент беше и пресвртница на мечот. Наместо водство за Ајакс од 2:0, само три минути подоцна Рома израмни на 1:1 со голот на Пелегрини, а во 87 минута Римската волчица направи и комплетен пресврт и на крајот се радуваше на победа од 2:1 во Амстердам, во првиот меч од четвртфиналето од Лигата на шампиони.

Арсенал не го искористи домашниот терен во Лондон и одигра само 1:1 против Славија Прага. Топчиите беа големи фаворити пред мечот, но фудбалерите на Славија уште еднаш потврдија колку е тешко некој да ги победи.

Двата гола беа постигнати во финишот на средбата. Пепе донесе радост за Арсенал од 1:0 во 86 минута, но Славија со гол во 90+4 минута преку Холеш израмни на 1:1. Топчиите може да жалат посебно поради промашената шанса на Лаказет при резултат 0:0 во 62 минута.

https://streamable.com/tgt6kf

Манчестер јунајтед се стекна со најголема предност откако со 2:0 победи на гости кај Гранада. Рашфорд погоди во првото полувреме за 1:0, а во 90 минута, Бруно Фернандеш од пенал го потврди триумфот на Црвените ѓаволи, кои во реваншот треба да имаат формална задача да се пласираат во полуфиналето.

Вилјареал со голот на Морено од пенал пред крајот на првото полувреме стигна до победа во Загреб против Динамо, во чиј стартен состав беа македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски.

 

- Оглас -

Најнови вести