„Две од две“ и за Швеѓанките

Шведска ја оствари втората победа на Мундијало за жени, совладувајќи ја селекцијата на Тајланд со убедливи 5-1. Сега и Швеѓанките имаат 100% учинок по две кола, како и лидерите од останатите пет групи Франција, Германија, Италија, Англија и Холандија.

Како апсолутни фаворити, јасно беше дека Шведска без мака ќе ја надигра азиската репрезентација, па така Сембрант, Аслани и Ролфо по еднаш ја тресеа мрежата во првото полувреме, што беше доволно за трите бода. Eднаш се запиша и Хуртиг во последните минути за да ги реши дилемите, пред Сунгнгоен да го постигне почесниот гол за Тајланд, а пред последниот свиреж на судијата, Шведска постигна и петти гол од белата точка.

Шведска по овој триумф осигура пласман во нокаут фазата, а во последното коло од групите ќе се соочи со актуелните светски шампионки, селекцијата на САД.

- Оглас -

Најнови вести