Две сезони по ред газди на великани од Премиер лигата го освојуваат Суперболот

Лос Анџелес ремс се освојувачи на овогодинешниот Супербол откако ги совладаа Синсинати бенгалс со 23:20.

Победникот во спектаклот на „Софи стадионот“ во Лос Анџелес, Калифорнија, беше решен во последниот напад на Лос Анџелес, кои постигнаа тачдаун преку широкиот примач Купер Куп, кој воедно беше прогласен и за МВП на овој натпревар.

За разлика од Европа, во САД, Ломбарди трофејот од НФЛ-лигата прв го подига сопственикот на клубот, а во овој случај тоа беше Стан Кроенке, кој е и сопственик на Арсенал, тимот од Премиер лигата.

Додека фудбалскиот тим се мачи да освои титула во последните години, НФЛ франшизата стигна до втората во својата историја.

Интересно е што минатата сезона, пак, освојувач беше Тампа Беј баканирс со легендарниот Том Брејди а газда на овој тим е Џоел Глејзер, односно фамилијата Глејзери.

Тие се први луѓе на Манчестер јунајтед и не се многу популарни меѓу навивачите на овој тим, кои неколку пати протестираа да го продадат клубот.

Очигледно е дека за некој сопственик да го подигне Ломбарди трофејот, потребно е неговиот тим да бележи лоши резултати во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести