(Видео) Двете големи ѕвезди на Лејкерс имаат проблеми, едниот од нив не игра ноќеска против Денвер?

Двете големи ѕвезди на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис се пожалија на повреди по четвртиот меч против Денвер нагетс во финалето на Западната конференција, а потешко мина моќното крило на Езерџиите.

Неизвесен е настапот на Дејвис за мечот број 5, што ќе се игра ноќеска, додека Џејмс сигурно ќе игра, иако не е сто посто фит.

Дејвис незгодно доскокна во завршницата на четвртиот меч и го повреди скочниот зглоб на левата нога. Остана на паркетот и го одигра натпреварот што Лејкерс го добија со 114:108 и поведоа со 3:1 во финалната серија, но сега состојбата со повредената нога е многу полоша.

https://www.youtube.com/watch?v=ALXbm0zbs1E

Иако од таборот на Лејкерс објавија дека Дејвис ќе стисне заби и ќе игра, дел од американските медиуми се сомневаат дека ќе настапи на петтиот меч од финалната серија.

Ако најефикасниот кошаркар на Лејкерс ноќеска не игра против Денвер, тогаш шансите на Јокиќ, Мареј и дружината рапидно растат за намалување на негативата од 1:3.

Денвер двапати претходно во плејофот направи чудесен кам-бек од 1:3 и ги елиминира и Јута џез и Лос Анџелес клиперс.

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести