Двојна победа на Ферари во Сингапур, без Мерцедес на подиумот

Себастијан Фетел ја освои Големата награда на Сингапур за прва овосезонска победа во Формула 1 шампионатот. Ферари воедно оствари „еден-два победа“ бидејќи Шарлс Леклер како втор најбрз возач се искачи на подиумот, додека Макс Ферстапен од Ред бул заврши на третото место.

Ова е прва трка сезонава на која подиумот ќе биде без ниту еден возач на Мерцедес, откако Хамилтон и Ботас завршија на четвртото, односно петтото место.

Во драматичната трка во Сингапур, безбедносното возило мораше да интервенира во три наврати по бројните откажувања. Тоа беше во полза на Ферари, поточно за Фетел, бидејќи не ја испушти лидерската позиција во последните 13 круга, иако стартуваше од третото место. Инаку оваа „еден-два“ победа е прва за Ферари по две години пауза.

- Оглас -

Најнови вести