Двократниот европски првак е најголем трагичар: Неверојатно е тоа што му се случи во последното коло

Синоќа заврши и сезоната во англиската Чемпионшип, а Вест Бромвич албион го доби „џек-потот“ и му се приклучиja на Лидс како патници во Премиер лигата. Ако ВБА е најголем добитник од целата ситуација, епитетот на лузер на сезоната го доби Нотингам форест.

Клубот кој низ историјата двапати бил и европски првак, синоќа прокоцка неверојатна предност и шанса да заврши на шестото место на табелата, последно кое води во разигрување за влез во Премиер лигата. Што се случи?

Пред почетокот на последното коло, Нотингам беше на шестото место и на свој терен го пречека Стоук. Тоа е тим кој обезбеди опстанок и речиси немаше никакви мотиви да игра во последниот дуел. На Нотингам му беше доволно еден бод за да нема теорија некој да им ја загрози позицијата.

Дури и со пораз, Нотингам ќе останеше на шестото место ако Свонси не ја надополнеше гол-разлика во дуелот против Ридинг (Норимгем имаше гол-разлика од +11, а Свонси од +5). Навивачите на Нотингам, клуб кој е стар цели 155 години, веќе се радуваа дека ќе играат во доигрувањето за пласман во Премиер лигата, но сепак во последните 90 минути се случи чудо.

Свонси победи со 4:1 против Ридинг, а неверојатно е што Нотингам дома загуби со 1:4 од Стоук. Во последните минути беше вистинска драма затоа што Лебедите дадоа два гола во финишот против Ридинг (84-тата и 91-вата минута). Норингем до 90-тата минута губеше со 1:3, но кога дозна дека Свонси има водство од 4:1, играчите на некогашниот европски првак тргнаа во напад да дадат гол затоа што мораа да стигнат до 2:3 за да го задржат шестото место. Наместо да дадат гол, Стоук од контра напад даде и четврти погодок за комплетирање на катастрофата на Нотингем, кој остана без место во плејофот.

„Немам зборови. Ова е катастрофа. Катастрофа е да се загуби на ваков начин во последниот меч од сезоната, и тоа на свој терен. Ова е само наша грешка. Дури и бод ни беше доволен. Им се извинувам на навивачите“, рече тренерот на Нотингам, Сабри Ламуши.

За Нотингам не беше трагично само последното коло, туку целиот финиш на сезоната затоа што не победија ниту еднаш во последните шест меча. некогашниот двократен европски првак последен пат играше во Премиер лигата во 1999 година.

Во борба за место во Премиер лигата и „џек-пот“ од 200 милиони евра ќе играат Брендфорд, Фулам, Кардиф и Свонси.

- Оглас -

Најнови вести