Двократниот европски првак е нов командант на одбраната на Лион

Олимпик Лион го ангажираше Џером Боатенг како слободен играч, кој потпиша двегодишен договор со францускиот прволигаш. Искусниот 32-годишен стопер чекаше до последниот ден од летниот преоден рок да обезбеди ангажман по завршувањето на 10-годишната авантура со Баерн Минхен.

По повеќе од 360 настапи и 25 освоени трофеи со германскиот шампион, Боатенг и Баерн се разделија како што претходно беше случајот со Давид Алаба, кој уште пред неколку месеци си обезбеди преселба во Реал Мадрид.

Со Боатенг, Лион состави речиси нова одбранбена линија бидејќи пред него за клубот потпиша искусниот Демиен Да Силва, како и бекотна Челзи Емерсон Палмиери, кој е позајмен за актуелната сезона.

- Оглас -

Најнови вести