Е ова е атрактивно – Вакви фудбалски ножички не сте виделе (Видео)

Палестинците играат солиден фудбал, а голот што „падна“ на мечот од Втората лига на Западниот брег на дуелот меѓу Ал-Куват и Беит Сафафа е еден од најчудните на сите времиња.

Во 93-тата минута гостите постигнаа гол со неверојатни ножички од агол што е невозможен за да се затресе мрежата. Ударот беше од мртов агол, но на интересен начин влезе во мрежата.

Голманот на Ал Куват се обиде да спаси гол, но не успеа и топката со чудна траекторија заврши зад неговиот грб.

Атрактивниот погодок на меч од Втората лига на Западниот брег во Палестина долго ќе се врти по социјалните мрежи.

Al-Quwaat 1-[2] Beit Safafa – 90+3′ (impossible bicycle kick goal in the West Bank 2nd division) from soccer

- Оглас -

Најнови вести