Е ова е „еден, ама вреден“ – Казахстан ѝ даде гол од центар на Албанија (Видео)

Албанија го победи Казахастан со 3:1 во меч од Сегментот Ц во Лигата на нациите, а домаќините како да заспаа по вториот гол за предност од 2:0, па веднаш примија гол, и тоа неверојатен од центар.

Абат Ајмбетов само ја допре топката при тргнувањето од центар по голот што го примија Казахстанците, а Исламбек Куат погоди директно во голот на Албанците.

https://twitter.com/arlindsadiku89/status/1328028081538338816?s=20

Етрит Бериша малку и заспа, беше и доста понапред од гол-линијата бидејќи истрча да се радува на голот на Ардијан Исмајли, па прими неверојатен гол.

 

 

- Оглас -

Најнови вести