Е ова е малер: Се повреди само по три секунди од стартот на мечот (Видео)

На дуелот меѓу Болоња и Торино се случи една од најбрзите повреди на еден играч во историјата на фудбалот. Само што беше даден знак за почеток на мечот на стадионот „Ренато Делари“, се повреди гостинскиот напаѓач Пјетро Пелегри.

На Пелегри му беа доволни само три секунди за да се лизне и да се повреди. Фудбалерот се обиде да продолжи да игра, но само по три минути сфати дека повредата е сериозна и дека мора да го напушти теренот.

Пелегри во Торино дојде на почетокот на оваа сезона од екипата на Монако, а досега даде еден гол, а имаше и една асистенција. Бизарниот начин да се повреди само по три секунди игра може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести