Е ова е оригинална мерка за Коронавирус – Во Франција може фудбал со публика, ама најмногу до 1.000 луѓе

Строги мерки поради Коронавирусот ќе се применуваат и во францускиот фудбал, а за мечевите од Лига 1 што се на распоред до 15 април клубовите ќе можат да бираат меѓу две варијанти, да играат без публика или најмногу пред 1.000 навивачи.

Ваква мерка препорача Министерката за спорт на Франција, Роксана Марачинеану.

„Мора да го ограничиме бројот на луѓе најмногу на илјада што ќе можат да присуствуваат на трибините на мечевите од Лига 1 во периодот до 15 април. Клубовите ќе можат да бираат, да продадат најмногу илјада билети или комлетно да играат без присуство на публика. Оваа мерка ја донесовме во координација со нашите европски партнери“, објави Министерката за спорт на Франција.

Франција има закажано два пријателски дуели со Украина и Финска како подготовка за настапот на светските прваци на Европското првенство што ќе се игра од 12 јуни до 12 јули годинава. И за тие мечеви ќе важат истите мерки, иако постои можност и да бидат откажани.

 

- Оглас -

Најнови вести