Е ова е сага за на филм – Бриж е како Ѓекна, никако да стане првак на Белгија

Белгискиот фудбал доживува вистинска филмска сага, а одлуките се менуваат често и неизвесно е дали Жупилер лигата ќе продолжи или ќе се остане на првичната одлука на Фудбалската федерација шампионатот конечно предвреме да биде завршен со крунисување на Бриж како нов шампион.

На втори април Извршниот одбор на Лигата предложи да се стави крај на сезоната 2019/20 и Бриж да биде прогласен за нов шампион на Белгија.

Потоа стигна предупредување од УЕФА дека одлуката е избрзана, а индиректно имаше и закана дека белгиските клубови нема да бидат примени во европските купови за следната сезона ако одлуката не се смени.

Предлогот на челниците на Жупилер лигата требаше да биде потврден на Собранието, но тоа никако да се одржи. Прв термин беше 15 април, па потоа и 24 април, но собир немаше за да се потврди одлуката за конечен прекин на шампионатот.

Ново одложување имаше за денеска, но јасно е дека и по третпат Собрание ќе нема, па сега пак се пролонгира одлуката за 15 мај. Вистинска фудбалска сага од која може да се сними и мини-серија на филмското платно.

Сега се чека одлуката на Советот за национална сигурност на Белгија дали воопшто ќе бидат дозволени спортски активности во земјата во блиска иднина. Владата има донесено одлука да нема масовни собири во земјата која е една од најпогодените со пандемијата со ковид-19 до 31 август, па мали се шансите сезоната 2019/20 да продолжи и да заврши на терен.

- Оглас -

Најнови вести