Е ова е уникат – Смит ќе игра два меча за Велс, меѓу нив ќе настапи и за Твенте

Мет Смит ќе биде уникат во светот на фудбалот, ако велшката фудбалска федерација позитивно одговори на барањето на Твенте, младиот дефанзивец да игра за клубот на 18. ноември против Го Ахед Иглс.

Смит доби повик за настап за Велс за ноемвриските квалификациски мечеви против Данска на 16. ноември и со Албанија на 20. номеври, а во меѓувреме ќе треба да патува и за Холандија и да настапи за својот сегашен клуб против Го Ахед Иглс.

Досега ваков пример немало, иако се случувало фудбалер да игра два меча во ист ден. Токму еден Велшанец, Марк Хјуз има таков подвиг во кариерата, а го оствари на 11. номеври во 1987 година.

Хјуз играше за Велс квалификациски меч против тогашна Чехословачка, а потоа интересно со приватен авион и комбинирано со автомобил „Лада“ стаса во Германија за да игра за Баерн против Борусија Менхенгладбах во Купот на Германија.

- Оглас -

Најнови вести