Е. Пелистер си донесе лев бек од Мешков Брест

Српскиот интернационалец Дарко Стевановиќ е најново засилување за екипата на Еурофарм Пелистер.

Стефановиќ (26) игра на позицијата лев бек и потпиша едногодишен договор, а во Битола доаѓа од белорускиот шампион Мешков Брест.

Стевановиќ е роден во Лазаревац, блесна во Партизан, настапуваше во Балатонфуреди и Егер во Унгарија, Ал-Араби и Ал-Веда во Катар, а сезонава ја започна како играч на Мешков Брест.

Стевановиќ има и пет настапи за српската репрезентација, а дебито ќе го има претстојниот викенд, на дуелот против вториот тим на Е. Пелистер.

- Оглас -

Најнови вести