Еден Англичанец почина во Софија, други се истотепаа поради клупско ривалство

Еден починат од предозираност со дрога, еден со скршена рака и повеќе приведени и полесно повредени е досегашниот црн биланс во пресрет на дуелот Бугарија – Англија од квалификациите за ЕП 2020. Англиските фудбалери стравуваа од расизам, најавија дека ќе го напуштат теренот ако има такви извици од трибините, но засега бугарската полиција е таа која има проблем со 4.000 фанови од Островот кои дојдоа во Софија и прават нереди.

Попладнево имаше и една тепачка на Англичаните меѓу себе, но информациите се дека се степале поради ривалство на клубовите за кои навиваат. Едната група биле навивачи на Кристал палас, а другите на Брајтон. Освен боксови, летале и чаши и столчиња од кафулињата во центарот на бугарската престолнина.

Мечот почнува во 20.45 часот, сега ќе треба да се види дали ќе дојде до близок контакт на англиските со домашните бугарски навивачи.

- Оглас -

Најнови вести