Еден Азар кажа кој број го сака во Реал Мадрид

Новата етапа во својата кариера, Еден Азар сака да ја отвори и со нов број на дрес кој ќе го носи на грбот. Азар кој е љубител на кошарката, ќе тргне по стапките на Мајкл Џордан и Леброн Џејмс, и сака да ја земе 23-ката, а тој број кој своевремено во Реал го носеше Дејвид Бекам, е слободен.

Неговата омилена десетка во Реал Мадрид ја користи Лука Модриќ и Хрватот веќе се изјасни дека нема намера да му ја препушти на Белгиецот. Се зборуваше дека Азар ќе го земе бројот 7 кој е најлегендарен во Реал благодарение на Раул, Бутрагењо, Хуанито, Кристијано Роналдо, Амансио, но Азар нема да носи седумка. Бројот 7 е кај Маријано Дијас, кој веројатно ќе биде продаден, бидејќи конкуренцијата во нападот е голема (донесени се Јовиќ и Родриго, покрај староседелецот Бензема).

Азар го одбрал бројот 23, а нема да има проблем да го добие бидејќи во минатата сезона овој дрес го носеше Серхио Регилон, младиот лев бек кој е позајмен во Севилја.

- Оглас -

Најнови вести