Еден и единствен: Рони О’Саливен повторно го освои шампионатот на Велика Британија

Најдобриот снукер играч на сите времиња, Рони О’Саливен, по осми пат во кариерата е победник на шампионатот на Велика Британија. Првпат тоа на О’Саливен му успеа пред 30 години, кога стана најмлад освојувач на овој турнир, а сега со трофејот е најстариот освојувач на еден од најважните снукер турнири.

Популарната Ракета го играше деветото финале и стигна до осмата титула откако го победи Динг Јунхиу. О’Саливен одлично го отвори финалето и поведе со 3:0, но Динг не се предаде и израмни на 4:4. О’Саливен поведе со 5:4, но веднаш потоа возврати Динг.

Следните два фрема повторно отидоа на контото на големиот шампион, но Кинезот не се предаде и овојпат израмни на 7:7. Тогаш Ракетата уфрли во поголема брзина и на крајот победи со 10:7.

„Динг беше одличен во текот на целиот турнир. Тој најдобро ја контролира белата топка, како компјутер е. Тој е добар човек, неговите родители се прекрасни луѓе, едноставно тоа е прекрасна фамилија. Ми беше чест да играм со него во финалето. Уживам во играњето снукер, уживам во финалињата и освојувањата на трофеите“, рече О’Саливен по освојувањето на јубилејната 40-та голема титула на снукер турнирите.

- Оглас -

Најнови вести