Еден и Торган уште долго ќе бидат најскапите браќа во светскиот фудбал

Од фудбалските семејни династии, во моментов најбогати се Азар, а се чини дека уште долго време овие Белгијци ќе останат на врвот.

Еден Азар од Челзи во Реал Мадрид премина за 100 милиони евра, неговиот брат Торган од Борусија Менхенгладбах замина во Борусија Дортмунд за 25,5 милиони. Со вкупна сума од 125,5 милиони евра браќата Азар го одбележаа преодниот рок, што се однесува до семејните врски.

Според податоците на „Трансфермаркет“, браќата Азар се најскапите во историјата на фудбалот, а ако се знае дека тие имаат и двајца помлади браќа (Килијан и Етан), на коишто им се предвидува успешна кариера, тешко дека во догледно време некое друго семејство ќе ги симне од врвот.

На второто место се браќата Погба, високо место имаат Ернандес. Цените на играчите во последно време скокнаа многу во однос на минатото, па затоа во топ 10 нема место за браќата Фердинанд и Туре, кои своевремено секако ќе имаа место меѓу најплатените фудбалски браќа.

- Оглас -

Најнови вести