Оди промаши пенал, за утка од белата точка им ги кршат куќите

Капитенот на Сиера Леоне, Умару Бангура, вели дека репрезентативците на оваа земја се преплашени и во иднина ќе избегнуваат да изведуваат пенали по случајот со Каи Камара, кој доживеа огромни непријатности.

Камара промаши од белата точка во финишот на мечот меѓу Сиера Леоне и Екваторијална Гвинеја при резултат од 1:0 за противникот и Сиера Леоне не успеа да се пласира во нокаут-фазата на Африканскиот куп на нациите.

Со реми 1:1, Бангура и соиграчите ќе играа во осминафиналето, а веднаш потоа капитенот и изведувачот на пеналот, Камара, беа цел на напади на симпатизерите на Сиера Леоне.

Домот на Камара беше цел на вандалски напади, па од 21 јануари го чува полицијата во Сиера Леоне.

„И јас имав многу непријатни моменти по промашувањето на Камара, но разговарав со соиграчите. Сите се преплашени и велат дека нема шанси во иднина да ризикуваат и да шутираат пенал за Сиера Леоне. И ги разбирам по вандалскиот чин на дел од луѓето во мојата земја“, рече капитенот Бангура.

И тој во 2019 година имаше иста ситуација како и Камара и промаши пенал на меч што го елиминира Сиера Леоне од настап во следната фаза за пласман на Мундијалот во Катар.

И тогаш имаше атак на домот на Бангура, па сега целата ситуација се повтори по промашениот пенал на Камара против Екваторијална Гвинеја.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести