24.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Еден од фаворитите за освојување на Отвореното првенство на Австралија се откажа на еден ден пред да настапи

Ник Кирјос ги разочара домашните навивачи во Мелбурн, откако беше принуден да го откаже учеството на Отвореното првенство на Австралија. Австралискиот тенисер има болки во коленото и поради тоа воопшто нема да излезе на теренот во првото коло.

Поради истата повреда Кирјос не играше на Јунајтед купот, кој требаше да му биде подготовка за првиот гренслем-турнир во сезоната, но факт е дека тенисерот се појави на „Род Левер арена“ во петокот, кога одигра егзибициски меч од хуманитарен карактер против Новак Ѓоковиќ.

Утрово Кирјос повика итна прес-конференција на која соопшти дека има напукнат латерален менискус и дека има циста, па мора да оди на операција. „Многу сум разочаран. Ова го сметав за еден од најважните турнири во мојата кариера и воопшто не беше лесно да се откажам“, рече Кирјос, кој минатата сезона играше во финалето на Вимблдон, а сега во Мелбурн важеше како еден од фаворитите за висок пласман.

- Оглас -

Најнови вести