Еден од најатрактивните играчи во летниот предоен рок со поддршка за Ристовски: Само напред феномену….

Бруно Фернадеш му посака среќа на Стефан Ристовски на дуелот што Македонија ќе го игра против Словенија задутре во Скопје од 20.45 часот, на Националната арена „Тодор Проески“.

„Само напред феномену…“ напиша Фернандеш на фотографија што Ристовски ја објави од вчерашниот тренинг на нашиот национален тим.

Двајцата играчи на Спортинг се големи пријатели и често и цимери на патувањата, а Фернандеш беше една од ѕвездите на летниот преоден рок во Европа, иако на крајот не направи трансфер. Го бараа гигантите Манчестер јунајтед, Тотенхем и уште неколку екипи, се вртеа големи цифри, над 50 милиони евра, но остана во Спортинг.

Во петок Бруно ќе игра за Португалија против Луксембург, а целта и на Македонија и на актуелните европски прваци, Португалците е иста, пат на Европското првенство во 2020 година.

Би било идеално соиграчите од Спортинг да бидат заедно на континенталниот самит, Ристовски со македонската репрезентација, Фернандеш со португалската во поход да се одбрани титулата од ЕП во Франција пред три години.

 

 

- Оглас -

Најнови вести