Еден од најбизарните мечеви во тенисот не го дочека крајот (Видео)

Дуелот меѓу Екатерина Горгодзе од Грузија и Американката Коко Вандевер беше прекинат поради олијата која се случи додеја тие две беа на терен. Ова беше меѓу меѓу 160 и 165-тата на ВТА листата, а беше прекинат во третиот сет при водство на Горгодзе од 2:0 во гејмови.

Првиот сет го доби Американката која некогаш беше и на деветото место на ВТА листата. Во вториот сет, при резултат 4:3, Коко најверојатно се повреди и едноставно реши само да стои на теренот, без да ги враќа топките на противничката.

Горгодзе беше збунета, но продолжи да сервира, а Американката без борба дозволи да го загуби вториот сет, што значеше израмнување на 1:1.

Потоа следуваше пауза поради големата жештина, а кога тенисерките се вратија на теренот, на загревањето, Акериканката повторно „одби“ да игра. Едноставно само кратко ги удираше топчињата и не дозволување ни загревањето да помине како што треба.

Судијата реши дека мечот треба да продолжи, а Горгодзе ги доби првите два гејма, кога се случи олујата со силен дожд, а мечот беше прекинат.

 

- Оглас -

Најнови вести