Уште како дете, името на Чави Симонс беше познато за фудбалската јавност. Тоа беше момчето кое ја помина школата Ла Масија во Барселона, а потоа потпиша за Пари Сен Жермен. Од ПСЖ замина во ПСВ Ајндховен, каде што игра одлично.
Тинејџерот кој има само 19 години, сезонава одигра 24 меча за ПСВ, во кои постигна 11 голови, а имаше и четири асистенции. Сепак, Чави не е како многумина фудбалери на негова возраст кои „летаат во облаци“, па тој ги почитува постарите соиграчи, дури им ги чисти и копачките.
На видео кое го објави уште еден млад играч на ПСВ, Нони Мадуеке, се гледа како Чави Симонс ги чисти копачките на соиграчите. „Мораме да се погрижиме нашата млада суперѕвезда да остане цврсто на земја“, стои во видеото постирано од Нони.
https://twitter.com/i/status/1612757086475010048
Чави Симонс на 16 години потпиша за ПСЖ, во договор според кој годишно заработуваше по еден милион евра. Кај Светците не доби голема шанса да се докаже, но затоа во ПСВ блеска и покажува дека е голем талент. Тој беше дел и од холандската репрезентација, која неодамна беше дел од Светското првенство во Катар.