Еден од најголемите тениски турнири се сели во Саудиска Арабија?

Еден од најголемите тениски турнири во женска конкуренција, завршниот ВТА-турнир, најверојатно од следната година ќе се одржува во Саудиска Арабија. Од ВТА сè уште ниту потврдуваат, ниту демантираат, туку само објаснуваат дека се преговара.

Оваа година турнирот се одржува во Мексико, во градот Канкун, но тенисерките се спротивставуваат на турнир во оваа земја поради ниските организациски стандарди на домаќинот.

Веќе е познато дека од следната година младинскиот турнир за тенисери до 21 година „Некст ген“ ќе се одржува во Џеда, Саудиска Арабија, а сè поизвесно станува дека токму таму ќе се одржуваат и завршните ВТА-турнири во женска конкуренција.

- Оглас -

Најнови вести