Еден податок покажува колку е „небо и земја“ разликата меѓу Премиер лигата и останатите првенства

Ливерпул чекаше 30 години и конечно дочека да е шампион. За тимот од „Енфилд роуд“ ова е вкупно 19-та титула во Англија и сега е само на еден трофеј од рекордот на Манчестер јунајтед, кој има освоено 20 титули. Тимот на Јирген Клоп на убедлив начин стигна до трофејот, и тоа на седум кола пред крајот.

Со завчерашното славење на Јувентус во италијанската Серија А, познати се шампионите во сите пет најсилни лиги во Европа. Кога ќе се видат екипите кои се радуваат на титулите, постои една огромна разлика меѓу Англичаните и останатите лиги во Италија, Шпанија, Германија и Франција.

Статистиката покажува дека Јувентус девет сезони по ред е најдобар и пак го освои трофејот. Баерн Минхен осум години по ред владее во Германија, Пари Сен Жермен во Франција е доминантен и има седум титули во последните осум сезони.

Во Шпанија, Реал Мадрид е првак, а интересна е статистиката која вели дека Барселона или Реал Мадрид ги освоиле 15 од последните 16титули.

Од Топ-5 лигите во Европа, само во Англија има драстични промени кога се работи за титулата. Ако Јувентус, Баерн Минхен, ПСЖ, Барселона и Реал Мадрид доминираа во своите земји, во Англија е поразлично.

Статистиката вели дека во Премиер лигата во последните осум сезони имало дури пет различни шампиони. Манчестер јунајтед, Челзи, Манчестер сити, Лестер, па сега и Ливерпул се радуваа на трофејот. Можеби затоа за многумина токму Премиер лигата е највозбудливото првенство во светот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести